Линкови за пристапност

СЗО бара богатите земји да донираат во Ковакс наместо да вакцинираат деца


Тедрос рече дека може да разбере зошто нациите сакаат да ги имунизираат своите деца, но повика да размислат и да донираат исто толкаво количество вакцини за Ковакс механизмот

Светската здравствена организација денес реагираше на богатите нации кои вакцинираат групи со низок ризик, како што се децата, против ковид, додека некои сиромашни земји немаат доволно вакцини за здравствените работници.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебреизус, уште еднаш нагласи за „грубите нарушувања“ за пристапот до вакцините во светот.

Тој рече дека само 0,03 проценти од светските произведени вакцини се наменети за нации со ниски примања.

Тедрос рече дека може да разбере зошто нациите сакаат да ги имунизираат своите деца, но повика да размислат и да донираат исто толкаво количество вакцини за Ковакс механизмот на СЗО, која дистрибуира вакцини до посиромашните земји.

Шефот на СЗО рече дека останува „огромната загриженост“ за зголемениот број случаи во Индија, Непал, Шри Ланка, Виетнам, Тајланд и Египет.

Тедрос рече дека тој се вакцинирал оваа недела и ги повика сите што не се, да го направат тоа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG