Независна панел комисија во средата објави извештај во кој се вели дека пандемијата на коронавируси е „катастрофа што можеше да се спречи“, влошена од бавната и слаба Светска здравствена организација (СЗО) и недостаток на глобално политичко лидерство.
На панелот, формиран за да ги испита причините и одговорите за пандемијата, било констатирано дека иако имало со години предупредувања за закана од пандемија, не се постапило според првичните знаци во Вухан, Кина. Во него се вели дека глобалното лидерство е отсутно, а глобалните тензии ги поткопуваат напорите на меѓународните, мултилатерални институции да преземат кооперативни активности.
На панел дискусијата било заклучлено дека меѓународното предупредување за заканата од пандемија можело да биде прогласено најмалку една недела порано отколку што беше на 30-ти јануари 2020-та година.
Близу 160 милиони случаи се регистрирани на глобално ниво, со повеќе од 3,3 милиони смртни случаи, според Центарот за ресурси на коронавирусот на Универзитетот Џонс Хопкинс.
Независната панел комисија беше формиран минатата година од генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебреизус, на барање од членовите на организацијата. Поранешниот претседател на Либерија, Елен Џонсон Сирлиф и поранешната премиерка на Нов Зеланд, Хелен Кларк, ја водеа комисијата.
Во својот последен извештај, имало низа препораки, како што е создавање на глобален совет за здравствени закани преку Обединетите нации. Тоа би вклучило шефови на држави, давајќи му поголема моќ и финансиска независност на СЗО да работи со Светската трговска организација со земји-производители на вакцини и производители за брзо постигнување зделки за зајакнување на глобалното снабдување со вакцини во светот.
Панелот исто така сугерираше дека Тедрос, сегашен генерален директор на СЗО, треба да биде ограничен на еден седумгодишен мандат. Директорот на СЗО е избран на петгодишен мандат што може да се обнови еднаш.
Facebook Forum