ВАШИНГТОН —
Светската здравствена организација (СЗО) вели дека бројот на заразени и мртви од коронавирусот е веројатно многу повисок отколку што е забележано досега.
И покрај тоа, СЗО, на вчерашниот состанок, донесе одлука да не прогласи генерална вонредна здравствена состојба, нагласувајќи дека ситуацијата во Кина е вонредна, но, не и глобално.
Организацијата најави дека ќе се организира уште еден состанок со цел да се ревидира одлуката, во зависност од натамошното ширење на вирусот и последиците од него.
Facebook Forum