Линкови за пристапност

Не се потребни нови мерки за заштита на здравјето од радијацијата во Јапонија


Не се потребни нови мерки за заштита на здравјето од радијацијата во Јапонија
Не се потребни нови мерки за заштита на здравјето од радијацијата во Јапонија

Во поглед на светското здравје, СЗО вели дека контра-мерките преземени веднаш по несреќата во средината на март, се` уште се добри.

Светската здравствена организација вели дека интензивното ослободување на радиоактивен материјал од нуклеарната централа Фукушима Даичи е причина за загриженост. Во поглед на светското здравје, организацијата вели дека контра-мерките преземени веднаш по несреќата во средината на март, се` уште се добри.

Директорот во СЗО за јавно задравје и животна средина, Марија Неира, вели дека нема потреба за нови контра-мерки за јавното здравје.

„Тие што се преземени, врзани за зоната на евакуација, релоцирањето на одредена популација, мерките како рано земање пилули на потасиум јодин за населението идентификувано од јапонската влада како соодветно, прашањата врзани со безбедноста на храната и други работи ... сите тие препораки се се` уште валидни“, вели таа.

Нивото број седум што е дадено на нуклеарната централа во Јапонија е најлошо на меѓународната скала. Тоа е еднакво на она дадено на Чернобил во 1986, што долго се сметаше за најлоша несреќа со нуклеарна енергија во историјата.

Но, Неира забележува дека двете ситуации и нивното влијание на јавното здравје се многу различни. Пред се`, таа вели дека масивна експлозија била причина за несреќата на Чернобил. Од друга страна , големата емисија на радијација од централата во Јапонија резултирала од разладниот систем на централата, што бил расипан од земјотресот и цунамите.

Друга голема разлика, вели таа, е што Чернобил не ставил слични контра-мерки за спасување на животи што се оперативни во Јапонија.

Во секој случај, сериозноста на ситуацијата, таа вели дека не смее да се потцени, и дека постојано се преиспитува и следи заедно со нејзините последици.

Таа додава дека ситуацијата се` уште не е под контрола и дека не се знае што може да се случи во иднина.

Што се однесува до храната, Неира вели дека нема потреба од забрана на извоз на храна од погоденото подрачје, зашто на контаминираното земјиште не се одгледува храна, а јапонските власти ја тестираат храната пред да ја извезуваат.

Сепак, таа не ја отфрла можноста за присуство на радијација во некои прехранбени продукти, но вели дека таа е толку минимална што е потребно да се изеде голема количина за да се почувствува негативен ефект.

XS
SM
MD
LG