Полицијата во источната сојузна држава Њу Џерси вели дека води истрага за „сомнителна“ супстанца испратена по пошта до хотели во близина на местото каде во недела ќе се одржи Супербол – шампионски натпревар на американската национална фудбалска лига.
Новинските извештаи од петок велат дека пакетите биле испратени до најмалку пет хотели во околината на МетЛајф стадионот, кој е лоциран во Источен Рутерфорд, во Њу Џерси.
ФБИ исто така го испитува белиот прав за кои некои новински куќи кажаа дека наводно бил нишесте.
Оваа година Супербол е соочување на Денвер Бронкос и Сиетл Сихокс. Секоја година, играта е најголем спортски настан во САД, што привлекува десетици илјади љубители на фудбалот во градот што е домаќин на мечот.