ВАШИНГТОН —
Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер даде оставка.
Извори, цитирани во медиумите, велат дека неговата одлука да се повлече е поврзана со назначувањето на новиот директор за комуникации во Белата куќа Антони Скарамучи.
Според тие извори, портпаролот на Трамп ја понудил неговата оставка, кусо по назначувањето на Скарамучи, финансиер од Њујорк.
Прес конференциите на Спајсер беа многу гледани на телевизиите и на социјалните медиуми.
Но, во последно време заменичка - портпаролката Сара Хакаби Сандерс, го презеде водењето на најголемиот дел од брифинзите, кои се водеа без присуство на камери.
Facebook Forum