Линкови за пристапност

Уапсено лицето што на синот на Трамп му испратил писмо со бел прав


Лицето било на лекови за состојба што не е откриена на јавноста; Правта била безопасен скроб

Американец е обвинет за испраќање на плик со бел прав до најстариот син на претседателот Доналд Трамп, е уапсен под обвинение дека ја употребил пратката да им се заканува на луѓе.

Даниел Фризело од државата Масачусетс, наводно испратил коверти полни со бел прав, заедно со навредливи пораки до пет лица, меѓу кои и Доналд Трамп помладиот.

Неговата сопруга, Ванеса, го отворила писмото по што од предострожност, била на кратко хоспитализирана.

Пратката била адресирана до апартманот на Трамп во Њујорк. Се покажало дека содржината била безопасен пченкарен скроб, но белешката со навредлива содржина индицирала дека станува збор за опасна супстанца.

Адвокатот на Фризело изјавил дека обвинетиот ќе се изјасни дека не е за виновен и оти бил на лекарски третман за состојба која не е објавена.

Тој ќе остане во притвор додека чека да биде изведен пред суд.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG