ВАШИНГТОН —
Белата куќа ги негира тврдењата на Турција дека претседателот Доналд Трамп размислува за екстрадирање на свештеникот Фетула Ѓулен.
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, за Си-Ен-Би-Си изјави дека Трамп му кажал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оти САД работат на екстрадирање на Ѓулен и на други лица.
Ѓулен живее во егзил во Пенсилванија. Турција го обвини за организирање на неуспешниот обид за државен удар против Ердоган во 2016-та година.
Ѓулен ги негира обвинувањата, а САД изјави дека Турција не покажала доволно докази за да ги потврди тврдењата против свештеникот.
Facebook Forum