Линкови за пристапност

Трамп: ОН имаат огромен потенцијал


Претседателот на САД Доналд Трамп денеска во Белата куќа имаше средба со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш

Претседателот Доналд Трамп истакна дека со новото раководство, Обединетите Нации имаат „огромен потенцијал“, но дека „низ годините, нивниот капацитет не се користел онака како што требало“. Тој ова го изјави за време на средбата со Антонио Гутереш, генералниот секретар на светската организација, којашто брои 193 земји.

Гутереш кажа дека „живееме во хаотичен свет, но на ОН им се потребни силни реформи, но и силни Соединети Американски Држави, коишто ќе бидат ангажирани врз основа на нивните традиционални вредности“.

Трамп за време на состанокот воедно го пофали лидерството на Гутереш.

(Асошиетед прес)

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG