Линкови за пристапност

Белата куќа рече дека нема да учествува во неуставна истрага за импичмент на Трамп


Ова го соопшти адвокатот на Белата куќа, кој испрати писмо до спикерката Ненси Пелоси

Белата куќа најави дека нема да учествува во повиците за неуставна истрага за импичмент на претседателот на САД Доналд Трамп.

Адвокатот на Белата куќа испрати писмо до демократските лидери на Претставничкиот дом, вклучувајќи и до спикерката Ненси Пелоси, кои истражуваат дали Трамп го прекршил законот, барајќи од Украина да отвори истрага против демократскиот претседателски кандидат Џо Бјаден.

Пелоси одговори дека писмото е погрешно, и предупреди дека повеќе напори да се сокрие злоупотребата на моќта од страна на претседателот ќе бидат видени како докази за опструкција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG