Линкови за пристапност

Белата куќа ги продолжи фондовите за Националната гарда да помага при пандемијата


Трупите се ангажирани при тестирање на граѓаните и во дистрибуција на храна и лекови

Претседателот на САД Донлад Трамп го продолжи федералното финансирање на Националната гарда, со цел да им помага на сојузните држави во справувањето со пандемијата.

Белата куќа, вчеравечер, рече дека овие фондови ќе траат до крајот на годината.

Федералната влада со оваа одлука ќе овозможи покривање на 75 проценти од трошоците, откако постоечката регулатива, која обезбедува 100 отсто покривање, ќе истече на 21 август.

Сојузните држави Тексас и Флорида и натаму ќе имаат целосно финансирање на трошоците, бидејќи се најмногу погодени, откако бројот на заразени почна значително да се зголемува од јуни наваму.

Гувернерите ја повикаа Белата куќа да ги продолжи фондовите за трупите, кои се ангажирани при тестирање на граѓаните, и во дистрибуција на храна и лекови.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG