Портпаролот на Белата куќа кажа дека администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе треба да избере дали ќе застане со американската разузнавачка заедница или Русија и Викиликс.
Џош Ернест одговараше на прашање по обвинението на рускиот претседател Владимир Путин дека администрацијата на Барак Обама се обидува да ја подрие легитимноста на Трамп, преку ширење лажни информации.
Путин кажа дека минатонеделниот извештај за постоењето на непотврдено досие кое содржи компромитирачки материјали против Трамп, било дел од обидот за „поткопување на легитимноста на новоизбраниот претседател“ што е во спротивност со „убедливата“ претседателска победа.
Путин ги опиша како „лажни“ наводите во документот дека Трамп бил вклучен во сексуални активности во московски хотел во 2013-та година. Путин додаде дека оние кои се одговорни за обвиненијата се „полоши и од проститутки“ и запраша зошто на Трамп би му „требале проститутки“ кога тој „бил со најубавите жени во светот.“
Американските разузнавачи агенции објавија извештај кој заклучи дека Русија по наредба на Путин работела на поткопување на американските претседателски избори во обид да му помогне на Трамп да извојува победа.