Линкови за пристапност

Велигденско тркалање јајца во Белата куќа


Како дел од прославата, децата и семејствата обично тркалаат дрвени јајца, користејќи огромни лажици

Претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп ќе бидат домаќини на традиционалниот велигденски настан во Белата куќа - тркалање јајца.

Гостите ги добија билетите преку јавна лотарија одржана во февруари.

Белата куќа изјави дека денот ќе биде исполнет со „семејни активности“.

Како дел од прославата, децата и семејствата обично тркалаат дрвени јајца во зеленилото пред Белата куќа, користејќи огромни лажици. Воени оркестри и игри се исто така дел од предвидената програма.

Велигденско тркалање јајца во Белата куќа претставува долга традиција, која потекнува уште од 1878-та година, кога претседателот Ратерфорд Берчард Хејс ја вовел за првпат.

Традицијата била прекината во периодот од 1917-та до 1920-та година, поради Првата светска војна. Истото се случило и за време на Втората светска војна, од 1943-та до 1945-та година.

Тркалањето јајца било стопирано и од 1946-та до 1952-та година, кога имало градежни активности во Белата куќа.

Сепак, претседателот Двајт Ајзенхауер ја обновил традицијата во 1953-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG