Линкови за пристапност

Белата куќа ја обнови акредитацијата на новинарот на Си-Ен-Ен


Новинарот Акоста повторно може да ја загуби акредитацијата ако не ги почитува новите правила за прес конференции

Белата куќа ја обнови акредитацијата на новинарот на Си-Ен-Ен Џим Акоста, предупредувајќи го дека повторно би можел да ја загуби ако не ги почитува новите правила за однесување на известувачите од прес конференциите.

Белата куќа му забрани пристап на Акоста по вжештената размена на аргументи со претседателот Доналд Трамп на прес-конференција во Белата куќа пред две недели.

Си-Ен-Ен пренесе дека Белата куќа „се повлекува“ и дека ќе ја отфрли тужбата против администрацијата на Трамп.

„Ви благодарам на сите за поддршката,“ напиша Акоста на својот профил на Твитер. „Како што реков минатиот петок... да се вратиме на работа.“

Портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс во понеделникот го информираше со писмо Акоста дека тој повторно е добредојден во Белата куќа. Но, го предупреди, него и другите известувачи, дека можат да ги загубат акредитациите ако не ги почитуваат, како што рече, „експлицитните правила“. Според нив дозволено е секој известувач да постави само едно прашање, додека само претседателот или друг кој одговара на прашањата може да дозволи дополнителни.

Асоцијацијата на дописници од Белата куќа го поздрави обновувањето на акредитацијата на Акоста, но приговара на новите правила.

„Отсекогаш на прес конференциите во Белата куќа известувачите поставувале дополнителни прашања. Очекуваме таа традиција да продолжи,“ рече претседателот на Асоцијацијата на дописници Оливер Кнокс.

Федерален судија во Вашингтон, кој беше именуван од оваа администрација, се согласи со тужбата од Си-Ен-Ен дека забраната ги крши уставните права на Акоста за слобода на печатот откако Белата куќа му воведе привремена дво-неделна забрана за користење на влез и пристап до премисите на Белата куќа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG