Белата куќа денеска беше домаќин на Самит на кој секретарите на кабинетот на претседателот Доналд Трамп, објаснија како се борат со кризата со опоиди во САД.
На средбата присуствуваа и поединци кои биле погодени од епидемијата.
Трамп во октомври минатата година, кризата ја прогласи за вонредна состојба по националното здравје.
Во 2016-та година, околу 64.000 лица починале од предозираност од дрога, од кои, околу две третини биле предизвикани од опоиди.
На државите на сојузно и локално ниво, паѓа најголемиот дел од финансискиот товар во справувањето со кризата. Конгресот во договорот за буџетот минатиот месец, одобри средства за таа намена, но тие допрва треба да стигнат во државните и градските каси.
Се верува дека епидемијата е предизвикана од неуспехот на производителите на лекови и дистрибутери, да го пријават пренасочувањето на опоидите од аптеките, на пазарот на црно, како и прекумерното препишување на лекови против болка на рецепта.
Самитот се одржува два дена откако главниот правобранител Џеф Сешнс, истакна дека новоформирана работна група ќе ги гони фармацевтските компании и дистрибутерите за нивен придонес кон епидемијата.
Facebook Forum