Линкови за пристапност

Уапсен натрапник во Белата куќа


Претседателот бил внатре кога се случил инцидентот

Пред да биде уапсен натрапникот ја прескокнал оградата на Белата куќа, во време кога претседателот бил внатре.

Зборувајќи пред новинарите во саботата, во неговиот клуб за голф во Вирџинија, Трамп кажа: „Минатата ноќ Тајната служба заврши фантастична работа“ додавајќи дека натрапникот бил ментално нестабилен.

Осомничениот е идентификуван како Џонатан Тран на 26 годишна возраст, од Калифорнија.

Тран на полицајците им рекол дека е пријател на претседателот, со кого имал состанок. Запрашан како успеал да влезе во Белата куќа, тој одговорил: „Ја прескокнав оградата.“

Властите не пронашле никакви опасни материјали кај него.

Во Белата куќа последниве години се случија неколку слични инциденти. Тајната служба го засили обезбедувањето околу Белата куќа по трите инциденти од 2014-та година, за време на вториот мандат на претседателот Обама.

XS
SM
MD
LG