Линкови за пристапност

Ифтар вечера во Белата куќа во чест на една од најголемите религии


Паралелно, пред Белата куќа се собраа демонстранти, со цел да го изразат нивното незадоволство од Трамп и третманот кој го има кон муслиманите

Претседателот на САД Доналд Трамп, кој беше домаќин на неговата прва ифтар вечера во Белата куќа, им се обрати на гостите и сите кои го слават овој празник со зборовите „Рамазан Мубарак“.

Трамп рече дека овој собир е во чест на светата традиција на една од најголемите религии во светот.

За разлика од оваа година, тој не беше домаќин на ланската ифтарска вечера, нарушувајќи ја традицијата која ја поставија неколку поранешни претседатели.

Паралелно, пред Белата куќа се собраа демонстранти за да го изразат нивното незадоволство од Трамп и третманот кој го има кон муслиманите.

„Лицемерно е што Доналд Трамп издаде забрана за патување од муслиманските земји, а потоа да ги покани водечките дипломати во Белата куќа. Лицемерни се и неговите постапки за муслиманската забрана и ширењето говор на омраза во врска со муслиманите. Тоа не е американски, и не е претседателски“, рече еден од протестантите Билал Аскаријар.

За време на кампањата во 2016-та година, Трамп повика на целосна забрана за сите муслимани кои влегуваат во САД, и потпиша повеќе извршни наредби, со кои се ограничува имиграцијата од земјите со доминантно муслиманско население.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG