Линкови за пристапност

Велигденска традиција за децата во Белата куќа


Велигденска традиција за децата во Белата куќа
Велигденска традиција за децата во Белата куќа

Американскиот претседател Барак Обама и неговото семејство беа домаќини на традиционалното барање јајца во Белата куќа, годишен настан што датира од 1878

Американскиот претседател Барак Обама и неговото семејство беа домаќини на традиционалното барање јајца во Белата куќа, годишен настан што датира од 1878.

Претседателот ја поздрави толпата деца и нивните родители на тревникот на Белата куќа. Билетите за целодневниот настан беа дадени на 30 илјади луѓе од цела Америка.

Претседателот на присутните млади ја прочита популарната книга за деца „Зелени јајца и шунка“ од Доктор Сус.

Во обраќањето пред традиционалното тркалање велигденски јајца, првата дама Мишел Обама ги охрабри гостите да се забавуваат и да научат како да водат активен и здрав живот. Настанот со ваква тематика е во духот на националната иницијатива на првата дама за борба против детската гојазност.

Децата имаа можност да се шетаат по јужниот тревник на Белата куќа и да партиципираат во различни активности, како украсување јајца и спортски игри водени од познати американски спортисти.

Актерката Рис Видерспун им читаше приказни на децата, а авторката на Хари Потер Џ. К. Ролинг ја презеде таа функција подоцна во денот.

Белата куќа подготвила 14.500 јајца – сите донирани од фармери, за традиционалната потрага по јајца скриени за децата во тревата и во грмушките. Меѓу јајцата имаше и јајца кои испуштаат звуци за да им помогнат на децата кои имаат оштетен вид.

Видеото од сите настани од Белата куќа беа пренесувани во живо на официјалната интернет страницата.

Годишниот настан го започнал претседателот Рутерфорд Хајес. Оттогаш не се одржал само заради лошо време и за време на Втората светска војна.

XS
SM
MD
LG