Директорката за комуникации во Белата куќа, Хоуп Хикс, дел од персоналот во кого претседателот Доналд Трамп имал силна доверба, најави оставка на функцијата.
Таа ја објави одлуката еден ден откако одби да одговори на бројни прашања на Комисијата за разузнавање во Претставничкиот дом, која води истрага за руското мешање во изборите во 2016-та година.
Извори велат дека Хикс била нервозна и потресена од искуството по речеси целодневното испрашување. Засега не е познато дали токму тоа била главната причина да се повлече.
Претседателот на САД Доналд Трамп, ги пофали нејзините придонеси.
Хикс е петта личност на функцијата директор за комуникации во актуелната администрација последниве 14 месеци. Таа се очекува да остане на работното место уште неколку недели.
Facebook Forum