Линкови за пристапност

Белата куќа ќе се повлече од Планот за чиста енергија


Групите за заштита на животната средина се вознемирени заради намерите на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за поништување на планот од ерата на Обама за намалување на испуштањето на гасови во атмосферата кои се обвинуваат за глобалното затоплување.

Директорот на Агенцијата за заштита на животната средина, Скот Пруит, изјави дека ќе го укине Планот за чиста енергија, велејќи дека „војната против јагленот е завршена“.

Пруит ова го соопшти при посетата на складиште за јаглен во Кентаки - сојузна држава чија индустрија за јаглен изгуби голем број работни места, делумно поради намалената побарувачка за јаглен и регулативите за централите на јаглен.

Пруит, како и претседателот Трамп, е скептик во однос на климатските промени. Тој неколкупати ја тужеше Агенцијата за заштита на животната средина кога беше главен правобранител на сојузната држава Оклахома.

Тој верува дека Белата куќа под раководство на Обама го пречекорила својот авторитет со поставувањето стандарди за испуштање на јаглерод диоксид, за кои Пруит вели дека индустријата за јаглен тешко може да ги постигне.

Ниту една федерална агенција, рече Пруит, „не треба да го користи авторитетот и да објави војна на било кој сектор од нашата економија“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG