Линкови за пристапност

Духот на Америка – тема на божиќното украсување на Белата куќа


Патриотизмот е мотивот на празничното украсување во Белата куќа

Првата дама Меланија Трамп оваа година избра божиќните декорации да бидат на тема „Духот на Америка“.

Како и минатата година Белата куќа издаде видео во кое се гледа како првата дама ги подготвува завршните украси на божиќната декорација вклучувајќи и орнаменти од кампањата за добросостојба на децата „Биди најдобар“.

Традицијата ја започнала Жаклин Кенеди избирајќи тема за официјалното божиќно декорирање на Белата куќа во 1961 година. Но, обичајот Белата куќа да се украсува за време на празниците почнал и порано, вели историчарот Метју Костело.

„Влегувајќи во 20-тиот век претседателите не ја декорирале само резиденцијата каде живееле, туку божиќни декорации се поставувале и на влезот и на цел кат.“

Оваа година Меланија Трамп избра потрадиционална американска тема, на која се фокусирале и поранешните први дами на САД.

Минатата година на социјалните медиуми имаше критики поради изборот на црвени елки за божиќното украсување на Белата куќа.

Костело вели дека критиките се вообичаени за секоја администрација. „Тоа не е ништо необично. Критики имаше и за времето на Обама и Буш, тоа е дел од работата и од живеењето во Белата куќа.“

Божиќната декорација на Белата куќа беше откриена во понеделникот, но тим од волонтери работеа на неа уште од јули.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG