Линкови за пристапност

Забрана на приватни мобилни телефони во Белата куќа


Забраната била наметната од страна на началникот на Генералштабот на Белата куќа Џон Кели

Употребата на приватни мобилни телефони во извршните канцеларии на Белата куќа ќе бидат забранети, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Сара Хакаби Сандерс.

„Безбедноста и интегритетот на технолошките системи во Белата куќа е врвен приоритет за администрацијата на Трамп, па оттаму, следната недела, употребата на сите лични т.е. приватни уреди за гостите и вработените повеќе нема да бидат дозволени во Западното крило“, рече Сандерс во соопштението. „Персоналот ќе биде во можност да работи на уредите издадени од владата и да продолжи да работи напорно во име на американскиот народ“.

Одлуката беше донесена од безбедносни причини, а „не за протекување информации“, додава Сандерс. Асошиетед прес ја цитира Сандерс дека вработените во Белата куќа и гостите ќе можат да ги чуваат своите приватни телефони на влезот од Белата куќа.

Забраната беше наметната од страна на началникот на Здружениот генералштабот Џон Кели, кој исто така бил загрижен за безбедноста, но истовремено и да стави приоритет во борбата против протекување информации.

Откако ја презеде функцијата, претседателот на САД Доналд Трамп, во неколку наврати јавно го обвинуваше неговиот тим за протекување информации во медиумите, иако помошниците на администрацијата велат дека ваквата забрана не е поврзана со тоа.

Најавата дојде еден ден по објавувањето на расправата помеѓу Трамп и поранешниот главен стратег на Белата куќа Стив Бенон, кој наводно ги злоупотребил забелешките за Трамп и некои членовите од неговото семејство во новата книга.

Авторот на кригата, Мајкл Волф поминал премногу време во Белата куќа правејќи го интервјуто со Банон и заменик-началникот на Генералштабот Кети Волш за потребите на книгата. Според весникот Аксиос, Волф имал снимки од интервјуата. Не е познато дали тие биле снимени на приватен мобилен телефон.

Забраната доаѓа и покрај загриженоста кај дел од вработените во Белата куќа, дека нема да бидат во можност да ги користат своите приватни мобилни телефони за да комуницираат со своите членови на семејството.

Агенцијата за национална безбедност, воедно ја предупреди Белата куќа за доверливи брифинзи и дека несоодветната употреба на личните мобилни телефони, може да ги изложи членовите на персоналот да станат мета на хакери од Кина, Русија и други земји.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG