Линкови за пристапност

План на Белата куќа за скратување на буџетот


Доколку не се постигне договор во Конгресот, Белата куќа ќе го имплементира автоматското скратување на буџетските трошоци.

Белата куќа во петок најави обелоденување на плановите за имплементација на автоматско скратување на трошоците, мерка што се очекува да стапи на сила на крајот на годината, доколку не биде постигната согласност за буџетот.

Автоматското буџетско скратување во висина од 109 милијарди долари е резултат на договорот за намалување на дефицитот постигнат минатата година.

И републиканските и демократските членови на Конгресот се согласуваат за потребата за намалување на федералните трошоци. Но обете страни имаат спротивни ставови за начинот на реализација на планот.

Портпаролот на Белата куќа ги повика републиканците да соработуваат со претседателот Барак Обама за за постигнување компромис по прашањето на буџетот.

Сенатот ќе расправа за ова следната недела.
XS
SM
MD
LG