Линкови за пристапност

Американското виски можна жртва на трговските спорови


Производителите велат дека најавените царини од 25 проценти негативни ќе се одразат на продажбата

Производството на алкохол е во гените на Пол Хлетко.

„Пред Втората светска војна, семејството на дедо ми поседувале производствен капацитет, кој сега е голема пиварница во Чешка“, изјави овој производител на пијалокот, за Гласот на Америка.

Но, поради еврејското потекло,неговиот дедо ја загубил пиварницата, кога нацистите освоиле поголем дел од Европа.

„Целото семејство било однесено во логори каде што сите биле убиени, освен дедо ми. Тој остатокот од животот го помина обидувајќи се да ја врати пиварницата во негова сопственост. Никогаш не успеа во тоа. Кога тој почина, ме погоди фактот дека ако не го сторам нешто да го оживам семејното наследство, тоа ќе исчезнат засекогаш“, вели Хлетко.

Во чест на неговото семејно наследството, Хлетко се откажал од адвокатската кариера, и отворил компанија за производство на алкохол Few Spirits 20118. Но, пивото не било неговиот избор.

„Кога пивото ќе порасне, сака да биде виски“, рече тој. Канцеларијата на Хлетко се наоѓа во Еванстон, Илиноис, а неговиот бренд на виски се продава и дома и во странство.

„Производот го нудиме во 35 држави и во околу 45 сојузни држави“, вели тој.

Но, според него, извозот во Кина е вистински погодок.

„Извозот на американски алкохол во Кина порасна за околу 2.000 проценти. Тоа е голема бројка“.

Бројот што може остро да падне како резултат на можната трговска војна, можно е многу да му наштети на бизнисот на семејството Хлетко.

Како што ескалира трговскиот спор меѓу САД и глобалните трговски партнери, американското виски е меѓу производите кои се најдоа среде препирките, а наскоро ќе бидат воведени царини како одмаздника мерка за американските царини за челик и алуминиум.

„Предложените тарифи се во висина од 25 проценти“, изјави Хлетко. „Тоа би било драматично зголемување и ќе ги направи нашите производи, кои и онака се релативно скапи, непотребно поскапи. Основните економски правила велат дека колку е повисока цената на некој производ, толку помалку се продава. Едноставно кажано, царините ќе ја намалат нашата продажба“.

Од Советот за дестилирани алкохолни производи рекоа дека извозот на САД на овие производи се зголемил од 575 милиони долари во 1997-ма година, на 1,64 милијарди во 2017-та година. Но, наметнувањето на нови царини би можело значително да влијае на овие бројки

Со тоа, негативен ефект ќе има и врз други американски работни места.

„Од производителите на житарки, преработувачите, сите кои се вклучени во процесот“, смета Хлетко, додавајќи дека „едноставно се најдовме во средина на политичка игра“, во која нема да има вистински победници.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG