Линкови за пристапност

САД и Пакистан бараат решение да се стави крај на војната во Авганистан


Изјавија денес на прес конференција во Белата куќа претседателот на САД и пакистанскиот премиер

САД и Пакистан бараат начин како да стават крај на војната во Авганистан, изјавија денес на заедничка прес конференција во Белата куќа претседателот Доналд Трамп и пакистанскиот премиер Имран Кан.

„Работиме со Пакистан и други да потпишеме договор со Талибан, додека САД продолжуваат полека и сигурно да го намалуваат бројот на војници во Авганистан“, изјави Трамп.

Пакистанскиот премиер рече дека се наоѓаат најблизу што некогаш биле до потпишување мировен договор во Авганистан.

„Нема воено решение за Авганистан“, рече Кан, и додаде дека се надева оти во наредните денови Талибан ќе разговара со авганистанската Влада.

„Очајно сакаме мир“, изјави пакистанскиот премиер.

Трамп, пак, изјави дека ако би сакал војна со Авганистан би можел да победи за една недела, но, оти тоа не е опција оти не сака да убие 10 милиони луѓе.

Кан ја побара средбата со Трамп, во обид да се најде политичко решение за војната во Авганистан.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG