Линкови за пристапност

Агенда за поврзаност на Западен Балкан


На денешниот Самит во Трст, лидерите на државите од Западен Балкан, поддржаа Акционен план за поврзаност на регионот

Лидерите на државите од Западен Балкан, денес на Самитот во Трст, го поддржаа повеќегодишниот Акционен план за регионална економска зона, со кој ќе се овозможи непречена размена на производи, услуги, капитал и на квалификувана работна сила.

Целта е приближување до членството во Европската унија, како и да му се помогне на приватниот сектор, преку промоција на трговска размена, инвестиции и регионална мобилност.

„Овој план ќе биде камен - темелник за Западен Балкан, да го унапреди процесот на зачленување во Европската унија, како и основа за зголемена соработка со останатите држави“, вели Горан Свилановиќ од Секретаријатот за регионална соработка.

Лидерите на државите од Западен Балкан ја потврдија важноста од имплементација на Агендата за поврзаност на регионот, што ќе подразбира силна соработка и партнерство меѓу властите, постоечките регионални организации, приватниот сектор и меѓународните организации.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG