Линкови за пристапност

Експлозија во фабрика за вештачко ѓубриво


Hајмалку пет се мртви, а околу 160 лица се повредени од експлозијата што се случила во малечкиот град Вест, во Тексас

Властите велат дека најмалку пет, а можно е до 15 лица да се мртви како резултат на масивна експлозија во средата во фабрика за вештачко ѓубриво југозападната држава Тексас.

Портпарол на полицискиот оддел во Вако вели дека најмалку 160 лица се повредени од експлозијата што се случила во малечкиот град Вест, во близина, додека пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот. Меѓу 50 и 75 куќи се или уништени или тешко оштетени.

Околу 2.800 жители на Вест се евакуирани, вклучувајќи и дом за стари лица со над 100 луѓе кои таму живееле. Екипи за итна помош се` уште изведуваат проверка од куќа до куќа, барајќи лица кои можеби се затрупани.
XS
SM
MD
LG