Линкови за пристапност

Роамингот во Западниот Балкан ќе поевтини за 70 проценти


Граѓаните на Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и БиХ ќе разговараат меѓусебно по пониски цени

Од први јули оваа година стапува на сила договорот со кој се предвидуваат за 70 проценти поевтини цени на роаминг услугите за шесте држави од Западен Балкан, односно Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и БиХ. Тоа значи дека граѓаните на овиe соседни земји ќе можат да зборуваат меѓусебно по цени далеку пониски од досегашните.

Во Охрид првите луѓе на регулагорните тела ги договараа механизмите за реализација на овој, како што го нарекоа, многу важен проект за целиот регион. Минатиот месецна самитот за дигитална технологија во Белград министрите на овие држави го потпишаа овој договор.

Сашо Димитриоски, раководителот на Агенцијата за електронски комуникации на Северна Македонија очекува дека од потегот освен граѓаните да има корист и бизнис секторот.

„Од први јули граѓаните на овие држави ќе имаат поевтини цени за роаминг услугите. На нас, како регулатори, ни останува само да ги синхронизираме механизмите за беспрекорно спроведување на тој договор.Треба да утврдиме фиксни цени кои ќе значат намалување од 70 до 80 проценти”, рече Димитриоски.

Тој се надева дека ќе уследи целосно укинување на роамингот за околу две години.

И од регулаторно тело на Црна Гора очекуваат дека мерката ќе има поволни резултати.

„Очекуваме дека со ова значително ќе се зголеми меѓусебниот сообраќај“, рече менаџерот Витомир Драгаш. „На пример моментално за Македонците кога ќе дојдат во Црна Гора и Црногорците во Македонија, се утврдени максимални цени за говорни повици од 19 евро центи, за пристап до интернет од 20 евро центи по мегабајт, или ако тоа го претвориме во гига бајт е потребно максимално да се платат 200 евра.За СМС пораки цената сега е 6 евро центи.Со овој договор цените ќе се намалат за дури 70%, изјави Драгаш.

Северна Македонија се подготвува за сличен договор и со Грција. Од Агенцијата за електронски комуникации неверуваат дека тоа ќе се случи до јули како и со другите земји, но оти е многу веројатно да се реализира до крајот на 2019-та година. Веќе бил потпишан билатерален меморандум за разбирање помеѓу двете земји, со кои биле утврдени насоките.

„Ние сите законски предуслови ги имаме, а се надеваме дека тие и во Грција наскоро ќе бидат исполнети“, вели Димитриоски.

Се очекува дека и Европската унија ќе ја нали цената за роамингот за земјите од Западен Балкан. Ова го навестија генералната секретарка Мајлинда Брегу и еврокомесарката за дигитална економија и општество Марија Габриелна средбата на Регионалниот совет за соработкаво Скопје.

За Охрид ова е добра вест. Сопствениците на туристички агенции не` уверуваат дека ова е многу важен момент и за туристичкиот сектор.

XS
SM
MD
LG