Харви Вајнстин се пријави на њујоршката полиција за да се соочи со првите кривични обвиненија против него, по наводите за сексуално вознемирување од поголем број жени кои тврдат дека тој им ја уништил кариерата. По наводите за сексуално вознемирување започна и националното движење, познато како #Metoo
Вајнстин се пријави во полициската станица во Менхетен.
Вајнстин се очекува да биде обвинет за кривично дело,за кое може да биде осуден и до 25 години затвор.
Адвокатот на Вајнстин, Бенџамин Брафман, одби да коментира за денешните обвиненија, но претходно во судска документација изјави дека наводите дека Вајнстин ги присилувал жените „се без основа“ и дека тој не знаел дека го прекршува законот.
(Асошиетед прес)
Facebook Forum