Линкови за пристапност

Полицијата во Лос Анџелес отвори истрага за Вајнстин


Филмскиот продуцент се соочува со сексуални обвинувања и во Њујорк и во Лондон

Полицијата на Лос Анџелес изјави дека отворила истрага за филмскиот продуцент Харви Вајнстин, откако италијанска актерка го обвини за секусален напад.

Вајнстин, кој во моментот е отпуштен од неговата продукциска компанија, се соочува со сексуални обвинувања и во Њујорк и во Лондон.

Адвокатите на Вајнстин, преку писмена изјава, негираат какви било обвинувања за секс без согласност.

Во меѓувреме, оскаровката Лупита Нјонго, со нејзината приказна се приклучи на уште 40 други жени, кои велат дека Вајнстин сексуално ги навредил или се обидел да ги нападне.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG