Линкови за пристапност

САД најдобри во глобална конкурентност, Македонија на 84-то место


Извештајот опфаќа 140 економии, а е направен врз основа на 12 индикатори, вклучувајќи иновација, безбедност, здравство, владеење и корупција

Македонија се наоѓа на 84-то место во глобална конкурентност, според најновиот извештај на Светскиот економски форум.

Македонија најдобро стои во бизнис динамиката и се наоѓа на 57 место, додека најлошо е рангирана според големината на пазарот или на 109 место.

САД се рангирани на прво место, а по нив следат Сингапур, Германија, Швајцарија и Јапонија.

САД се водат најдобри според бизнис динамиката, пазарот на работна сила, финансискиот систем и иновацијата, додека послабо во безбедноста и здравствениот систем.

Извештајот ја рангира Кина на 28 место, како најконкурентна според критериумот за брзо растечки пазари, оставајќи ги Русија и Индија за себе, кои се наоѓаат на 43 и 58 место.

Чиле е на 33-то место, и е водечка економија во Латинска Америка и Карибите.

Саудиска Арабија, пак, е на 39 место, заостанувајќи зад Израел и Блискиот исток.

На последно место се наоѓаат Хаити, Јемен и Чад.

Извештајот нотира дека глобалната економска конкурентност е трансформирана од новите, дигитални технологии, нагласувајќи дека државите кои не ги применуваат ќе заостануваат во развојот.

Отворените економии, нагласува извештајот, се многу поконкурентни, особено во време на ескалација на трговските тензии и отпорот против глобализацијата.

Извештајот опфаќа 140 економии, а е направен врз основа на 12 индикатори, вклучувајќи иновација, безбедност, здравство, владеење и корупција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG