Веб-страницата humanorgins.si.edu го поставува вечното прашање – што значи да се биде човечко суштество?
Страницата постои за да ги истражи доказите, вели Бријана Побинер, експерт од Програмата за наука и образование при Институцијата Смитсониан во Вашингтон. Таа вели дека таму ќе најдете докази за човечко однесување, докази за постоње на фосили, докази за најразлични прашања, но и податоци од истражувањето на Програмата за потеклото на човекот, и резултати од истражувања од палеоантрополози ширум светот.
Веб-страницата е практично во склоп на колекцијата на Музејот за национална историја во Вашингтон. Побинер вели дека проектот нуди дополнителни информации и мултимедијално искуство, каде „можете да посегнете, допрете и ротирате докази за еволуцијата на човекот. Постојат стотици фосили, како и бројни ракотворби и уметнички творби што може да увеличите, ротирате и да погледнете одблизу. Исто е како предметот да е пред вас“.
Посетителите може да имаат виртуелна тура со водичи од Смитсониан. Една од локациите е долина во Кенија, што е меѓу најбогатите изворишта на фосили во Африка. Побинер вели дека наставниците се добредојдени да учествуваат на образовниот форум на интернет.
„Тие можат да разменат идеи за методите на предавање на тема еволуција на човекот, што функционирало досега и со кои потешкотии се соочуваат“, изјаво Побиер.
Она што привлекува внимание на humanorgins.si.edu, е сегментот – Што е ново во областа на човековата еволуција. Тука се објавува секоја нова информација, напис, содржина.
Побинер се надева дека посетителите ќе ја запомнат humanorgins.si.edu, како место каде можат да откријат нови материјали или се вклучат во разговор за тоа што значи да се биде човечко суштество?