Линкови за пристапност

Веб-страница на неделата: Податоци на Светската банка


Веб-страница на неделата: Податоци на Светската банка
Веб-страница на неделата: Податоци на Светската банка

На нова веб-страница Светската банка сите податоци за светскиот развој ги стави на едно место

Светската банка дава пари на заем за промоција на развој, а како помош во остварување на целите собира многу податоци. Со години Светската банка е една најголемите светски собирачи на податоци. И тоа од секаков вид: за должината на животот, извоз, загадување на водата – листата е речиси бескрајна.
Сега, нова веб-страница на Светската банка сите овие податоци ги стави на едно место.

Адресата на страницата е data.worldbank.org. Тоа е централна платформа на Светската банка за податоци со кои располага, за да ги направи достапни за секого, вели Ричард Фикс, портпарол за Групата за податоци на Светската банка што неодамна ја лансираше оваа нова веб-страница. Таму ќе најдете многу цифри што се однесуваат на државите и многу споредбени податоци за различни земји по исти индикатори.

Таму има и мапи и други помошни материјали за добивање на слика за она што сакате да го научите, но Фикс вели дека вистинската предност на страницата е што корисниците можат да симнат податоци и да манипулираат со нив, а не само пасивно да пребаруваат.

За показателите на светскиот развој појдете на веб-страницата data.worldbank.org, но можете да дојдете до линк и преку нашата веб-страница, voanews.com.

XS
SM
MD
LG