Линкови за пристапност

Додека источниот дел мрзне, западниот дел на САД трпи рекордна жештина


Зимско време во делови на САД може да ја направат наредбата за седење дома полесна за почитување. Температури под точката на мрзнење го погодија Источниот брег. На Западниот брег, пак, речиси рекордно високи температури ги држат луѓето во простории со разладни уреди, каде е попријатно отколку надвор.

Започнувајќи денеска, источниот дел на САД се подготвува за студено време, мрзнење, па дури и снег, по релативно топлото време.

Метеоролозите велат дека овој викенд ниските температури над Големите Езера ќе го урнат рекордот.

Како дополнение на тоа, Североистокот може да искуси таканречен циклон-бомба, што е брзо-интензивирачка бура на ниска температура, во движење кон заливот на Меин.

Од Долината на Охајо до Североисток, и нагоре до Меин, снег и високи ветрови ќе започнат во петок и ќе се засилат во сабота. Се очекува прекин на електричната енергија заради паднати дрвја.

На запад, топлотниот бран што донесе рекордно високи температури на крајот на април се влошува. Националните метеоролошки служби издадоа предупредувања од топлотни удари во делови на Калифорнија и некои југозападни држави.

Во Лос Анѓелес неколку дена по ред се регистрирани 34 степени. Рекордот од 39 степени за овој месец, е забележан во 1896.

Лас Вегас во мај редовно беше над 32 степени. Просекот за овој град за месецот е температура од 19 до 29 степени.

Во Калифорнија, високите температури помешани со сушата и силните крајбрежни ветрови ги зголемуваат стравувањата од потенцијални пожари.

На источниот брег, во Флорида, веќе има диви пожари заради кои над 1.000 луѓе се евакуирани.

XS
SM
MD
LG