Линкови за пристапност

Силен дожд и поплави низ САД


Метеоролозите најавија дека невремето продолжува

Националниот метеоролошки центар предупредува дека невремето што погоди неколку сојузни држави во централниот дел на САД минатата недела ќе продолжи и понатаму.

Метеоролозите велат дека невремето ќе донесе силен дожд, громотевици и поплави.

Сојузната држава Индијана, пак, е погодена од торнадо.

Според проценките, околу 4.000 луѓе сега се без електрична енергија, а околу 75 домови се уништени.

Изминатиов викенд две лица беа убиени при торнадо што ја зафати сојузната држава Оклахома, а жртви имаше и во Мисури, Ајова и Индијана.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG