Силни бури и поплави во три сојузни држави на југот на САД убија најмалку 15 лица.
Големи дождови ги погодина државите Тенеси, Мисисипи и Кентаки, предизвикувајќи поплави што отцепија голем број жители, блокираа патишта и оставија илјадници луѓе без струја.
Центарот на Нешвил, во Тенеси, популарна област за туристи, е евакуиран. Реката Камберленд, што минува низ градот, се очекува да се излее од коритото во текот на денот.
Силни бури и поплави во три сојузни држави на југот на САД убија најмалку 15 лица