Во најновиот извештај на Светската банка „Дуинг бизнис“ за 2014-та, што покрива економии на 189 држави користејќи 10 критериуми, Македонија е рангирана седма според леснотијата за започнување бизнис во земјата. Целокупната оценка за Македонија е 25-то место, што е подобрување во однос на претходната година за 11 места.
Најсилен сегмент во бизнис сферата во Македонија е добивање кредит. Тука Македонија е трета по ранг.
Македонија најлошо стои во однос на спроведување на договорите, каде е 95-та, тргување преку границите – 89-та, регистрирање на имот – 84-та, и постапување по дозволи за градба – 63-та.
Извештајот вели дека Сингапур и Хонг Конг се најдобри места за водење бизнис, додека Руанда, Русија и Украина направиле најголем напредок во подобрување на нивната бизнис клима.
САД се на четврто место, а пред нив е Нов Зеланд.
Датата на податоци се базира на наоѓања на 10 илјади локални експерти, меѓу кои правници, бизнис консултанти и владини претставници, и покрива период од 1 јуни 2012-та до 1-ви јуни 2013-та.