Линкови за пристапност

Светска недела на водата


Светска недела на водата
Светска недела на водата

Поголем број смртни случаи од болести што се пренесуваат преку вода отколку од сите катастофи и војни на планетава, тврдат стручњаците

За времето кое е потребно да се наполни чаша вода и да се почне таа вода да се пие – околу 30 секунди – болести кои се пренесуваат со вода ќе убијат уште 14 лица.

Секоја година, 3,6 милиони луѓе умираат од болести што доаѓаат од водата. Фондот за деца на ОН вели дека 5.000 деца секој ден умираат од дијареја.

„Гледајќи ги само цифрите, ова ги надминува сите други катастрофи и војни што ги имаме на планетава“, вели Андерс Бернтел, директор на стокхолмскиот Меѓународен институт за вода, кој е спонзор на Светската недела на водата.

„Мислам дека е трагедија што нешто, кое лесно може да биде поправено, сеуште има огромен ефект, не само на животот на семејствата, туку и на цели општества кои страдаат од последиците на употреба на лоша вода“, вели Бернтел.

Дури и со модерниот напредок, се чини дека огромен број луѓе немаат пристап до чиста вода или безбедни санитарни објекти.

Заменик директорот за Политика на глобално здравје во вашингтонскиот Центар за стратегиски и меѓународни студии, Кетрин Блис, вели дека најголем од оние кои се зафатени од ова живеат во Азија и суб-сахарска Африка.

Стивен Соломон, автор на книгата Вода: Епска борба за богатство, моќ и цивилизација вели дека водата е многу важно прашање што луѓето не го гледаат иако им е пред очи:

„Не гледаме колку вода му е потребно на едно општество во какво живееме.. Понекогаш велам, водата ја надминува нафтата како критички ресурс што најмалку го има. Во одредена смисла таа отсекогаш била најважниот ресурс“.

Андерс Бернтел од стокхолмскиот Меѓународен институт за вода вели дека од недостиг на вода не страдаат само земјите во развој.

„Еден од предизвиците со кои се соочуваме е неконтролираното ширење на хемикалии, особено од нашите домови. И не само хемикалии, ние употребуваме многу лекови и сето тоа на крајот завршува во отпадната вода во реките и езерата“, вели Бернтел.

Експертите нотираат дека климатските промени, се` погусто населените градови, индустријализација и интензивно земјоделие сериозно влијаат на резервите и квалитетот на водата.

Кетрин Блис од Центарот за стратегиски и меѓународни студии вели дека од една страна, имаме поголема потреба од вода по глава на жител на места каде расте популацијата, и каде вода има се помалку или станува позагадена. Од друга страна, се` почестите поплави, екстремни временски услови и други предизвици влијаат на резервите на вода.

Годинешнава добитничка на награда за вода што ја доделува спонзорот е Рита Колвел, од Универзитетот на Мериленд и Џонс Хопкинс Универзитетот, за нејзиното истражување на болести што се пренесуваат преку водата кое спасило милиони животи.

За времето кое е потребно да се наполни чаша вода и да се почне таа вода да се пие – околу 30 секунди – болести кои се пренесуваат со вода ќе убијат уште 14 лица.

Секоја година, 3,6 милиони луѓе умираат од болести што доаѓаат од водата. Фондот за деца на ОН вели дека 5.000 деца секој ден умираат од дијареја.

„Гледајќи ги само цифрите, ова ги надминува сите други катастрофи и војни што ги имаме на планетава“, вели Андерс Бернтел, директор на стокхолмскиот Меѓународен институт за вода, кој е спонзор на Светската недела на водата.


„Мислам дека е трагедија што нешто, кое лесно може да биде поправено, сеуште има огромен ефект, не само на животот на семејствата, туку и на цели општества кои страдаат од последиците на употреба на лоша вода“, вели Бернтел.


Дури и со модерниот напредок, се чини дека огромен број луѓе немаат пристап до чиста вода или безбедни санитарни објекти.
Заменик директорот за Политика на глобално здравје во вашингтонскиот Центар за стратегиски и меѓународни студии, Кетрин Блис, вели дека најголем од оние кои се зафатени од ова живеат во Азија и суб-сахарска Африка.

Стивен Соломон, автор на книгата Вода: Епска борба за богатство, моќ и цивилизација вели дека водата е многу важно прашање што луѓето не го гледаат иако им е пред очи:


„Не гледаме колку вода му е потребно на едно општество во какво живееме.. Понекогаш велам, водата ја надминува нафтата како критички ресурс што најмалку го има. Во одредена смисла таа отсекогаш била најважниот ресурс“.


Андерс Бернтел од стокхолмскиот Меѓународен институт за вода вели дека од недостиг на вода не страдаат само земјите во развој.


„Еден од предизвиците со кои се соочуваме е неконтролираното ширење на хемикалии, особено од нашите домови. И не само хемикалии, ние употребуваме многу лекови и сето тоа на крајот завршува во отпадната вода во реките и езерата“, вели Бернтел.


Експертите нотираат дека климатските промени, се` погусто населените градови, индустријализација и интензивно земјоделие сериозно влијаат на резервите и квалитетот на водата.

Кетрин Блис од Центарот за стратегиски и меѓународни студии вели дека од една страна, имаме поголема потреба од вода по глава на жител на места каде расте популацијата, и каде вода има се помалку или станува позагадена. Од друга страна, се` почестите поплави, екстремни временски услови и други предизвици влијаат на резервите на вода.

Годинешнава добитничка на награда за вода што ја доделува спонзорот е Рита Колвел, од Универзитетот на Мериленд и Џонс Хопкинс Универзитетот за јавно здравје, за нејзиното истражување на болести што се пренесуваат преку водата кое спасило милиони животи.
XS
SM
MD
LG