Линкови за пристапност

Каде со електронскиот отпад?


Каде со електронскиот отпад?
Каде со електронскиот отпад?

Телевизорите, комјутерите, радијата, мобилните телефони - сите овие нешта кога ќе прекинат да не` служат стануваат електронски отпад, а со тоа и еколошки проблем.

Каде со електронската опрема што веќе не работи?

Таканаречениот Е-отпад се зголемува како никогаш досега во домовите и канцелариите во САД. Луѓето, едноставно, не знаат што да прават со старите телевизори и компјутери, па ги фрлаат во ѓубре.

Голем дел од Е-отпадот што го создаваат Американците не е неочекуван, наведува директорот на сојузните програми на Националното здружение за процесирање на цврстиот отпад, Чаз Милер.

„Користиме толку многу електронски апарати, а имаат релативно кус век – компјутерите и мобилните телефони нечесто се менуваат со понови верзии на две-три години“, вели Милер.

Според Агенцијата за заштита на животната средина (ЕПА), годишно се фрлаат над 400 милиони електронски апарати. Тоа е причината се` повеќе американски сојузни држави да воведат забрани за фрлање на апаратите на отпади, а истовремено воведуваат и програми за рециклирање.

Така, веднаш кога старата електроника ќе пристигне во Центарот за рециклирање во Балтимор, сојузната држава Мериленд, таа се расклопува и сортира за повторно употребливи делови. Раководителот на центарот, Мајк Фенон, вели дека Е-отпадот потоа се продава на компании кои дополнително ја расклопуваат електрониката и користат нејзини компоненти.

„Во неа има многу вредни метали што може повторно да се употребат, наместо да се фрлат на отпади. Во некои случаи, дел од тај материјал и не смее да се фрла таму“, раскажува Фенон.

Според статистиката на Фенон, 20% од Е-отпадот во САД се рециклира. Пред 13 години, износот бил само 6%. Стапката на рециклирање расте како што се` повеќе локални заедници забрануваат фрлање на електроника на отпади, за да спречат истелување на отровни материи како олово и жива од апаратите. На многу места се одржуваат и викенд-настани каде можете да ја донесете старата електронска опрема и да ја предадете за рециклирање.

Некои делови, како стари плочи со електронски кола се испраќаат во Канада, а други во Азија.

„Завршуваат во топилници на бакар. Некои од плочите имаат и позлата и сребро, покрај бакар“, раскажува Фенон.

Годинава неколку сојузни држави, како Вермонт, на пример, воведоа забрана за фрлање на електроника на отпади. Над 25 држави имаат таква забрана, или пак програми за рециклирање на електрониката.

Чаз Милер коментира – тоа не е доволно.

„Можеме многу подобро од само 20% стапка на рециклирање. Електрониката треба да ја рециклираме барем исто толку колку и весниците", смета Милер.

XS
SM
MD
LG