Американските законодавци се вратија во Вашингтон под зголемен притисок за соочување со насилството со оружје, особено по масакрот во средното училиште во Флорида, при што загинаа 17 лица.
Деновиве истовремено се мобилизираат студенти од целата држава, барајќи акција од Вашингтон - движење кое не се памети уште од времето на Виетнамската војна.
Претседателот Доналд Трамп рече дека ќе се преземат одредени мерки, повикувајќи го Конгресот да ги зголеми проверките на лицата кои купуваат оружје, да се зголеми возрасната граница за купување полуавтоматско оружје, како и да се забранат технички додатоци, со кои полуавтоматското оружје станува автоматско.
Тој, исто така, ги повикува училиштата да дозволат вооружување на наставниците.
„Ги заштитуваме аеродромите, банките и владините згради, но, не и нашите училишта? Ајде да ги направиме училиштата тешка мета за напаѓачите“, рече Трамп.
Националната асоцијација за оружје вели дека трагедијата во Флорида можела да се спречи, доколку локалните и федералните надлежни лица одговореле на многубројните предупредувања за напаѓачот.
Facebook Forum