Линкови за пристапност

Споменик на нашата совест


Поранешниот претседател Клинтон на годишнината од отворањето на Музејот на холокаустот во Вашингтон кажа дека САД ќе ги чуваат поуките од геноцидот.

САД ја одбележаа 20-годишнината од отворањето на Националниот музеј на холокаустот со ветување од лидерите во земјата дека ќе ги чуваат поуките од едниот од најтешките геноциди во историјата.

За поранешниот претседател Бил Клинтон, кој играше значајна улога во отворањето на музејот во Вашингтон, тој и натаму е моќен симбол во градот полн со импресивни споменици.

„Сите тие даваат нешто на нашата земја и на посетителите од цел свет кои доаѓаат тука. Но, споменикот на холокаустот ќе биде нашата совест и како таков ќе биде засекогаш“, рече Клинтон.

Поранешниот претседател истакна и дека поуките од холокаустот се релевантни како и секогаш порано: „Историскиот колеж и колежот на холокаустот одразуваат човекова болест што поприма различни форми - идејата дека нашите разлики се поважни од нашето заедничко човештво“.

На годишнината присуствуваа околу илјада кои го преживеаја холокаустот и ветерани од Втората светска војна. За значењето на музејот говореше и добитникот на Нобеловата награда за мир, Ели Визел.

Од отворањето во 1993-та, музејот го посетиле преку 34 милиони лица - меѓу нив 100-тина шефови на држави, како и 10 милиони ученици и студенти.
XS
SM
MD
LG