Линкови за пристапност

12 загинати во нападот во Морнаричкиот комплекс


Полицијата ја огради областа околу Морнаричкиот комплекс во Вашингтон
Полицијата ја огради областа околу Морнаричкиот комплекс во Вашингтон

Полицијата го уби напаѓачот, идентификуван како поранешен армиски работник под договор, Арон Алексис од Форт Ворт, сојузната држава Тексас.

Вооружен напаѓач уби 12 лица, а повреди десетици во комплекс на Морнарицата во Вашингтон, пред да биде елиминиран од полицијата.

Полицијата го идентификува напаѓачот како поранешен армиски работник под договор, Арон Алексис од Форт Ворт, сојузната држава Тексас. Засега не се знае како успеал да влезе во комплексот без соодветна пропусница и кој бил неговиот мотив. Градоначалникот на Вашингтон, Винсент Греј, изјави дека нема причина да се верува дека се работи за терористички напад

Полицијата и ФБИ првично мислеа дека има други двајца напаѓачи, но подоцна соопшти дека се работи само за еден.

Безбедносните сили по нападот со часови вршеа претрага по компексот.

Претседателот Барак
Обама изјави дека е во жалост поради, како што рече - повторно, уште едно масовно убиство. Обама кажа дека се работи за кукавички
чин, како и дека на погодените и нивните семјества им е потребна љубовта и поддршката на Америка.

Морнаричкиот комплекс се наоѓа на два километра од зградата на Конгресот.
Пукотницата се случила во Командниот штаб за морнарички системи во кој работат околу 3.000 лица. Командата е надлежна за инженерство, изградба, набавка и одржување на бродови, подморници и борбени системи.

Полицијата им нареди на луѓето во областа каде се случи нападот да останат во домовите и канцелариите додека траеше претрагата. Голем број на училишта, како и канцелариите во Сенатот, затворија под итна постапка поради вонредната состојба.

Откажан е и безбол-натпреварот меѓу Вашингтон-Атланта што требаше да се одигра на стадионот во непосредна близина на Морнаричкиот комплекс.
XS
SM
MD
LG