Линкови за пристапност

Кина го предупреди Вашингтон да не ги бојкотира Зимските олимписки игри


Стејт департментот на САД сугерираше дека бојкот на ОИ е една меѓу можностите, но висок претставник подоцна изјави дека за бојкот не е разговарано

Кинеската влада го предупреди Вашингтон да не ги бојкотира Зимските олимписки игри следната година во Пекинг, откако администрацијата на Џо Бајден соопшти дека разговарала со сојузниците за заеднички пристап во однос на забелешките за злоупотреба на човековите правата од страна на Кина.

Кинеското министерство за надворешни работи ги отфрли обвинувањата за злоупотреба на етничките малцинства во регионот Ксинџијанг. Од таму предупредија дека ќе се возврати со „силен кинески одговор“ на потенцијалниот бојкот на Олимписките игри.

„Политизацијата на спортот ќе го наруши духот на Олимписката повелба и интересите на спортистите од сите земји. Меѓународната заедница, вклучително и Олимпискиот комитет на САД нема да го прифатат тоа“, изјави Кинеското министерство за надворешни работи.

Групи за човекови права протестираат против Кина која е домаќин на игрите, кои треба да започнат во февруари 2022-та година. Тие повикаа на бојкот или други мерки за да се сврти вниманието кон обвинувањата за кинеските злоупотреби против Ујгурите, Тибетанците и жителите на Хонгконг.

Стејт департментот на САД сугерираше дека бојкот на ОИ е една меѓу можностите, но висок претставник подоцна изјави дека за бојкот не е разговарано. Меѓународниот олимписки комитет, Олимпискиот и Параолимпискиот комитет на САД во минатото изјавија дека се против каков било бојкот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG