Линкови за пристапност

Вашингтон со парада ја прослави шaмпионската титула во хокеј


Илјадници фанови на хокеарскиот тим „Вашингтон капиталс“, се собраа во близина на Националното шеталиште во главниот град на САД за да го прослават освојувањето на шампионската титула на престижниот „Куп Стенли.“ Ова е прва ваква титула на тимот во 44 годишното постоење.

Фановите, од кои повеќето носеа дресови со боите на тимот се обидуваа да најдат подобро место за да ја следат големата парада на која учествуваа и играчите на тимот, меѓу кои и капитенот, Александар Овечкин.

Големите паради во Вашингтон не се невообичаени, како онаа која се одржува секоја четврта година за време на инаугурацијата на претседателите на САД. Но, градот немаше шанса да слави голем професионален спортски успех од 1992-ра година наваму, кога „Редскинс“ го освоија шампионатот во Националната фудбалска лига -„Субербол“.

Шампионската титула во хокеј, го изненади главниот град на САД, затоа што тимот во изминативе години покажа просечни резултати во натпреварите. Сепак, во 2018-та година „Вашингтон капиталс“ успеаја да стасаат до финалето и со победата врз „Голден најтс“ со 4:1 во серијата „најдобар од седум натпревари“, го освоија шампионатот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG