На протестантите претходно им беше речено дека мора да го напуштат Зукати паркот, што е во приватна сопственост , рано во петок, за сопствениците да можат да ја исчистат областа, за која тие велат дека била извалкана за време на окупацијата.
Демонстрантите ветија дека ќе се оглушат на ултиматумот.
Заменик градоначалникот Кас Халовеј во петок изјави дека сопствениците го откажале чистењето по уверувањето од демонстрантите дека ќе биде обезбедено површината да биде „чиста, безбедна и отворена за јавна употреба“.
Демонстрантите ги поздравија вестите за одлагање.