Линкови за пристапност

Излегување од настава во знак на протест против насилството со огнено оружје во САД


Настанот се организира во спомен на жртвите, но и да се испрати порака до политичарите

На 14-ти март, еден месец по нападот во средното училиште во Паркленд, Флорида во кој загинаа 17 лица, се планира излегување од наставата на учениците во САД, која ќе трае 17 минути. Настанот се организира во спомен на жртвите, но и да се испрати порака до политичарите.

Минатата недела градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио, имаше средби со учениците за да разговара за темата.

Некои од нив го потенцираа активизмот, како начин да се искажат ставовите за поголема контрола на оружјето и да покажат дека тие не се контролирани од страна Националната асоцијација за оружје (NRA).

Други ученици сигнализираат поддршка за одговорно поседување на оружје, како и поддршка за вториот амандман од Уставот на САД, кој предвидува право да се поседување оружје.

Во Вашингтон, ученици од САД на 24-ти март организираат голем марш за поддршка на поголема контрола на оружјето, а за 20-ти април наставници планираат да ја напуштат настава, во знак на сеќавање на нападот во Колумбајн, Колорадо од 1999-та година.

Некои училишни окрузи најавија дека не ги одобруваат ваквите активности на учесниците и најавија дисциплински мерки. Други, пак, понудија поддршка, а некои универзитети ги уверија студентите дека нивните апликации за прием нема да бидат засегнати.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG