Има решение ако не можете да застанете во редица за да го купите најновиот смартфон на „Епл“.
Сто жители на Нов Зеланд имаат роботи кои чекаат наместо нив, а пред продавниците се поставени уште од 9-ти септември.
Идејата доаѓа од операторот на „Епл“ во Нов Зеланд, „Спарк“, којшто за таа цел ги купил роботите „Алфа 1“. Нивните сопственици можат оддалеку да следат што се случува и да ги контролираат движењата преку апликација на мобилните телефони.
Штом ќе го купат новиот телефон, корисниците може да го задржат и роботот.