Американецот кој работел на развојни програми во Пакистан, а кого Ал-Каида го грабна пред две години, побара претседателот Барак Обама директно да интервенира и да помогне да се договори негово ослободување.
Во 13-минутната видео-снимка што денес на неколку Интернет-страници ја објави крило на Ал-Каида, 72-годишниот Ворен Вајнстин изгледа слаб и уморен.
“Здравјето не ми е добро. Имам срцево заболување. Патам од акутна астма. Зарем има потреба да кажам дека патам од длабока анксиозност, секој ден“, вели Вајнстин.
Тој се обрати директно до Обама: „Господине претседателе, поголемиот дел од мојот возрасен живот, речиси 30 години, и` служев на мојата земја. Сега, кога ми треба владата, навидум сум целосно напуштен и заборавен“.
За автентичноста на снимката немаше потврда од независен извор.
Вејнстин беше грабнат во 2011-та во источниот град Лахоре, каде работел за американска консултантска компанија.
Пакистанските племенски области на границата со Авганистан се засолниште за Ал-Каида, Талибан и други милитантни организации. Пакистанската влада е под притисок од САД да стори повеќе за да го елиминира тамошното бунтовништво.