Локалните власти соопштија дека уапеале да го уапсат 29-годишниот Травис Реинкинг, којшто во неделата во ресторан во Нешвил, сојузната држава Тенеси, усмрти четири лица. Се верува дека бројот на жртвите можел да биде многу поголем, доколку не била брзата реакција на еден од гостите.
Претходно по Реинкинг беше издадена потерница и понудена награда од 2.500 долари за информација што би довела до негово апсење.
Во инцидентот уште две лица се ранети, од кои едно е во критична состојба.
Се` уште трае истрагата за мотивот на напаѓачот, за кого и претходно се знаело дека има проблеми со менталното здравје.
Facebook Forum