Линкови за пристапност

Вториот човек на НАТО ја предупреди Кина да не ја поддржува Русија во војната во Украина


Додека светот чека Украина да ја започне својата контраофанзива против Русија, вториот човек на НАТО ја предупредува Кина да не ѝ дава воена поддршка на Москва, додека Русија продолжува со својата брутална и нелегална инвазија.
Додека светот чека Украина да ја започне својата контраофанзива против Русија, вториот човек на НАТО ја предупредува Кина да не ѝ дава воена поддршка на Москва, додека Русија продолжува со својата брутална и нелегална инвазија.

Во понеделникот, Британија обезбеди уште еден пакет помош за Украина – овој пат ракети за противвоздушна одбрана и беспилотни летала со долг дострел – само два дена откако Германија го објави својот најголем пакет воена помош за Украина од почетокот на инвазијата.

Но, додека сојузниците помагаат да се зајакне Украина пред очекуваната контраофанзива, заменик – генералниот секретар на НАТО ја предупредува Кина да не го прави истото за Русија, која според него, светот ја гледа како јасен агресор во војната во Украина.

„Сè уште не сме виделе знаци дека Кина испорачува воено оружје за да и помогне на Русија, но знаеме дека се водат дискусии. Ова ќе биде многу сериозна одлука на Кина, што ќе влијае не само на нивниот однос со нас, туку на угледот на Кина и остатокот од светот“, изјави заменик - генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана.

По зимата без промени, властите велат дека Украина сега спроведува операции за подготовка пред планираниот напад.

„Гледаме флуидна ситуација долж линијата на фронтот. Имаме индиции за одреден територијален напредок од украинска страна, на западот од Бахмут, но мислам, а знаеме дека Украина има капацитет за да започне последователна контраофанзива, но знаеме и дека Русија има капацитет да изведе значителен отпор“, вели Џоана.

Воените експерти веруваат дека војната во Украина сè повеќе ќе ги спротивставува квантитетот и квалитетот во наредните месеци.

„Русите ќе се фокусираат, ќе треба да се фокусираат на квантитет, поголем број на регрути и мобилизирани луѓе кои не се добро обучени, постар материјал, но поголем број. Украинците се фокусираат на квалитет со западните системи за оружје и западна обука. Тоа е голема разлика“, изјави адмиралот Роб Бауер.

Но, врховниот командант на НАТО за Европа вели дека иако Украина сериозно ги деградирала руските копнени сили – воздушните, морските и сајбер силите на Москва во голема мерка се недопрени.

„Во другите домени, деградацијата беше многу помалку забележлива“, изјави генералот Кристофер Каволи.

Заменик – секретарот на НАТО за Гласот на Америка изјави дека Алијансата останува посветена на Украина.

„Првата работа е да ѝ помогнеме на Украина за да ја победи оваа војна“, кажа Џоана.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека Киев има за цел да ја врати целата украинска територија и ветува дека нема да ја напаѓа руската територија.

XS
SM
MD
LG